Бојана замина, Црна Гора има нов селектор

Женската репрезентацијата на Црна Гора не е веќе под водство на нивната најпозната ракометарка Бојана Поповиќ. 
Беше најавувано и очекувано затоа што откако не се пласираа на Олимписките игри, Поповиќ за себе на прес конференциите веќе зборуваше како за бивш селектор. 
Сега е официјално потврдено, нов селектор на Црна Гора ќе биде Сузана Лазовиќ. Таа е тренер на унгарскиот тим Фехервар, а летово имавме можност да ја гледаме и во Скопје, како селектор на јуниорската репрезентација на Кина која учествуваше на У20 мундијалот што се одржа во Македонија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk