Литванците против Македонија без најпознатиот играч

Photo: Rankinis.lt

Јонас Тручановичиус, најпознатиот литвански ракометар се враќа на терен по долга рехабилитација и ќе ја почне сезоната како ракометар на бундеслигашот Штутгарт, но нема да биде дел од ноемвриските квалификации за ЕП 2026 во кои Литванија на 6 ноември како гостин ќе игра со Словенија, а на 10 ќе и биде домаќин на Македонија. 


Тручановичиус е единствениот литвански ракометар кој ја освоил Лигата на шампионите (2018 со Монпеље), а минатата сезона мораше да ги оперира лигаментите на колентото и процесот на рехабилитацијата траеше околу десет месеци. 
Сега се враќа на терен, но за (сајтот на) литванската федерација изјави дека иако со нетрпение чека да игра одново за репрезентацијата, тоа нема да се случи годинава. Неговото колено сега е здраво, но на целото тело му е потребно време за да се врати во форма и терминот за враќање во репрезентацијата го одреди како „еден убав ден“ кога повторно ќе игра за Литванија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk