Почина најдобрата украинска ракометарка

Photo: FGU

Романскиот клуб Рмнику Влчеа и украинската ракометна федерација денеска со соопштенија за јавноста потврдија дека на возраст од 34 години починала Ирина Глибко, најдобрата украинска ракометарка.
Причините за смртта на оваа рана возраст е рак. Таа имала здравствен проблем за кој барем јавно не се знаеше сѐ досега. Ирина Глибко беше (поранешен) капитен на украинската репрезентација во која имаше стаж од 14 години. 
Најголем дел од кариерата го мина во Романија каде што во 2013 и 2018 беше најдобар стрелец, беше прогласена за најдобар лев бек во 2019, а истата година беше и прогласена за најдобар странец во првенството во кое играат некои од најпознатите светски легионери. Минатата сезона беше втор стрелец во ЕХФ Европската лига. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk