Партизан купи топ голман

photo: CSM Bucharest

Екипата на Партизан го донесе и десеттото засилување за претстојната сезона. Откако на турнирот во Охрид го освоија само петтото место, управата на клубот детектираше слабост на голманската позиција и решија да доведат проверено име. 
Нивни нов голман е иранскиот чувар на мрежата Сеид Хеидарирад кој во Европа е препознатлив по неговиот ангажман во Динамо Букурешт. Таму доби и романско државјанство што му го олсенува престојот во Европа и патувањата низ ЕУ, а има право за настап за репрезентацијата на Романија. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk