Голем проблем за пивотот на Барса

photo: FC Barcelona

Екипата на Барса минатата сезон во своите редови од Торелавага го донесе 200 сантиметри високиот пивот Хаиме Гаљего со цел да ја пополни пивотменската линија која беше сериозно истенчена. 
Но, овој 21 годишен ракометар го немаше во тимот во вториот дел од сезоната. Каталонскиот клуб и откри и причините зошто Гаљего ги пропушти најважните натпревари. 

Кај него е дијагноситицирана автоимуна болест која предизвикала артритис во скочниот зглоб на левата нога. Тој е под посебен третман од јануари и се обидува да се справи со непознатата болест и да се врати назад на теренот, но нема предвидувања кога тоа ќе се случи. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk