Веспрем се откажа од турнирот во Добој

Photo: Telekom Veszprem

Веспрем беше најзвучното име на еден од турнирите со најмногу изданија воопшто во Европа, ТВ турнирот на шампионите во Добој. 
Но, шампионот на Унгарија, го откажа учеството на познатиот турнирот. Унгарците пред планираниот настап во Добој беа на турнир во Германија, од каде што освен победничкиот пехар донесоа и вирус. Дополнителни испитувања се потребни извести клубот во соопштението. Напоменето е само дека е можно да е стомачен вирус/ Бројот на играчи што се пожалиле расте од ден на ден. 
Од тоа што можеме да го видиме во нашето секојдневие не би ја исклучиле ниту варијантата да имаат Ковид. 

Каков и да е вирусот што ги собори, Веспрем нема да игра во Добој. Нема да биде ниту заменет, турнирот останува со една екипа помалку и полесна задача на Ал Ахли кој беше со нив во групата да го осви првото место. 
На турнирот што почнува утре, ќе учествува и македонскиот првак Е. Пелистер. Битолчани се во група со екипите на Загреб, Татабања и Ц. Звезда. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk