Продолжена е битолската платформа

Платформата за ракометна Битола ќе продолжи и во следните две години.
Советот на Општина Битола на последната седница со 21 глас „ЗА“ и двајца воздржани го изгласа продолжувањето на соработката меѓу Општината и приватната компанија Еурофарм.
Градоначалникот Тони Коњановски и компанијата Еурофарм наскоро ќе пристапат кон потпишување на договорот, во кој општината го зголеми својот придонес и сега ќе издвојува по 300.000 евра годишно, односно 50.000 евра повеќе од претходниот договор.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk