Од Вилнус кон скандинавското ЕП

По успешно остварените цели на македонската машка репрезентација на ЕП Германија 2024 и баражот за пласман на СП 2025, се ближи и новиот предизвик. Македонскиот тим на 6 и 10 ноември ќе одигра два меча од новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 2026 што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. 

Македонија е во групата со Словенија, Естонија и Литванија. Два од овие четири тима ќе се пласираат директно на ЕП, а уште една третопласираната екипа во групата дополнително ќе има шанса ако е пласирана меѓу подобрите четири од вкупно осум третопласирани репрезентации. 

Македонија квалификациите ги почнува во Скопје, во „Борис Трајковски“ на дуел со најслабиот противник според ранкингот, а тоа е Естонија. Потоа на 10 ноември ќе игра со репрезентацијата на Литванија, а тие за град домаќин на натпреварот го одбраа градот Вилнус и нивната најголема сала која смени неколку имиња а од април годинава се вика „Твинс бет“ арена. Таа има капацитет од 10.000 гледачи. 

Ако Македонија успее да победи на двата воведни натпревари, во пракса веќе ќе има обезбедено пласман на ЕП. Во теорија сѐ ќе треба да се потврди во април/мај на возвратните натпревари. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk