Веспрем ќе има четири капитени!?

Foto: Telekom Veszprem

Уште не ја „дигестиравме“ прописно информацијата дека ИХФ на женското кадетско Светско првенство одбра два голмана во мундијалскиот Ол стар тим и тоа од иста репрезентација, на ракометната трпеза стигна ново „мезе“. 
Новиот тренер на унгарскиот шампион, Хавиер Пасквал, веќе донесе една новина со себе. Веспрем годинава ќе има четири капитени. За секоја пригода. 
Па така ако станат шампиони во домашното првенство, победничкиот пехар ќе го подигне Патрик Лигетвари. Во Лигата на шампионите капитен ќе биде Лудовик Фабрегас. Во Куп на Унгарија - Гаспер Маргуч. На Светското клупско првенство во Каиро (Супер Глоуб), капитен ќе биде Недим Ремили. 
Единствено не ускратија за информацијата кој ќе им биде капитен на ТВ Турнирот во Добој, па ако таму победат ќе чекаме што ќе одлучи Пасквал. Дали сите четворица ќе го фатат драгоцениот пехар или ќе има посебна чест за некого. 


Ако не знаевте: ИХФ пред години ја укина формалната улога на капитен, како некој што на терен има право да им се обрати на судиите или на записничката маса без да биде санкциониран. Улогата на капитен е комплетно маргинализирана и се сведува единствено на внатрешни работи на клубот или репрезентацијата. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk