Бенфика го елиминира Порто и тешко настрада од Спортинг

photo: Federacao de Andebol de Portugal

Суперкуп на Португалија се игра по „Ф4“ систем, а учествуваат четирите најдобри екипи. Во предвечерјето на стартот на сезоната во Повоа де Варзим се сретнаа екипите на Спортинг и Брага, односно Порто и Бенфика. 
Екипата на Бенфика за која настапува нашиот интернационалец Филип Талески го елиминираше Порто во полуфиналето со триумф од 34-31. Талески немаше остварување на оваа средба, а тоа што ќе остане запаметено се тепачките на навивачите во салата и претходно низ градот.
Во другото полуфинале Спортинг беше подобар од Брага (37-26). 
Потоа во финалето, се сретнаа Спортинг и Бенфика. Идниот противник на Е. Пелистер во ЛШ, екипата на Спортинг одигра перфектен меч и со неверојатни 16 гола разлика (37-21) ја совлада екипата на Бенфика и го освои Суперкупот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk