photo: SEHA
Екипата на Мешков Брест од Белорусија е победник на Турнирот на пријателство, односно Ф4 на СЕХА лигата што се играше на неутрален терен во Турција.
Оваа СЕХА го нема „гламурот“ на оригналната верзија, со присуство на педесетина новинари од регионот, прес конференции, брифинзи итн., но битно е дека источното крило ја одржа во живот и можеби кога еднаш ќе се вратат работите во нормала, одново ќе ја видиме во полн сјај. Дотогаш, битно е да не ја заборавиме.
Мешков Брест во финалето беше подобар од македонскиот претставник Е. Пелистер (35-31), а во битка за третото место, Чеховски медведи го совлада гостинот на ова натпреварување, АЕК Атина, екипа која никогаш не се натпреварувала во СЕХА.
Иако во најголем дел познатите играчи си заминаа, Мешков Брест успеа да задржи познати имиња во тимот како Шкурински и Куран кои и денеска беа најефикасните во нивниот тим.
Битолчани водеа 25 минути во првото полувреме, главно со гол-два разлика, но по 25 минута водството го преземаа Белорусите и на полувреме имаа плус два.
За седум минути во вториот дел, разликата од два се искачи на седум гола разлика (26-19), а потоа Белорусите без поголеми резултатски возбудувања стигнаа со посакуваната победа.
Поврзани вести