Лошо тргна екипата на Томовски

Екипата на Потсдам каде што сезонава брани македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски имаше лоша увертира во новата сезона. 
Предпремиерно на стартот на бундеслигашките натпревари, во Германија се играат Куп натпреварите од почетната фаза. Екипата на Потсдам која е нов член на најсилната лига за противник имаше тим од третата лига, екипата на Емпор Рошток. 
Изненадувачки победи тимот на Рошток со 28-25 и го елиминираше Потсдам кој има и нов тренер (Емир Куртагиќ).

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk