Вардар и Целје по финале на охридскиот турнир

Екипата на Целје го совлада Партизан (32-26)на денешниот прв меч во „Билјанини извори“ и утре во меч со Вардар 1961 ќе решава која од овие две екипи ќе се пласира во финалето на турнирот во Охрид. 
Словенечкиот тим водеше во текот на целиот натпревар и речиси и да немаше дилема кој ќе запише финална победа денеска. 

Победникот од дуелот Вардар и Целје, најверојатно во финалето ќе се сретне со подобриот од дуелот меѓу Олимпијакос и Алкалоид, меч што се игра вечерва со почеток од 21:00 часот. 
Грците имаат две победи, Алкалоид беше подобар од Динамо Панчево, а Ловќен се „декларираше“ како најслаб тим во групата, па реално и логично, победникот од дуелот Алкалоид и Олимпијакос да игра во финалето на турнирот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk