Заврши тужењето: Магдебург го купи најдобриот стрелец

Заврши сагата за најдобриот стрелец во Бундеслигата минатата сезона. Швајцарецот Мануел Зендер и неговата екипа Ерланген која враќаше од позајмица, конечно се договорија за раскин на договорот. 
Денеска се знае и откаде толкавата решителност и желба на Зендер да не се врати назад во Ерланген. Зад завесите на целата претстава стоел шампионот Магдебург.
Откако судскиот спор беше решен со спогодба, Мануел Зендер веднаш беше претставен за нов играч на Магдебург со двегодишен договор. 

Мануел Зендер, заедно со најголемата швајцарска ракометна легенда Анди Шмит и голманот на Магдебург Никола Портнер, беа дел од репрезентацијата на Швајцарија која на ЕП 2024 во Берлин беше поразена од Македонија и заврши на четвртото место во групата. Тој пораз и пласман им ја донесе Словенија за баражот за СП од која беа поразени на пенали. Но, Швајцарија ќе игра на СП 2025 затоа што доби вајлд карта. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk