Photo: ГРК Охрид
Првиот ден на меморијалниот турнир во Охрид донесе три интересни натпревари на кои победници на првиот меч беа ракометарите на Алкалоид (27-22), потоа Олимпијакос му одржа мини лекција на црногорскиот Ловќен (37-22), а „Play of the day“ беше дуелот меѓу домашните ривали ГРК Охрид и Вардар 1961.
По нерешениот резултат со Е. Пелистер, од Охрид очекувавме резултатски сличен меч и со Вардар, но домашната екипа, немаше своја вечер.
Вардар 1961 беше разигран и доминантен и многу рано ги разреши сите дилеми околу победникот. Веќе по првиот дел беше сѐ јасно, црвено-црните имаа плус седум на полувреме (16-9), а во вториот дел доминацијата продолжи, а средбата заврши со конечни 34-21.
Денеска охриѓани ќе можат да се забавауваат со три натпревари на кои одново ќе ги видиме Вардар и Охрид, но на дуели со странските противници.
Вардар од 18:00 часот ќе игра против Паризан. Белградскиот клуб има девет нови играчи во својот ростер меѓу кои и македонското крило Бојан Маџовски.
Охрид, пак, шанса да го поправи впечатокот ќе добие на мечот со словенечкиот тим Целје.
РЕЗУЛТАТИ И РАСПОРЕД
20 август
Алкалоид – Динамо Панчево 27-22
Ловќен – Олимпијакос 22-37
Охрид – Вардар 21-34
21 август
16:30 Динамо Панчево – Олимпијакос
18:45 Партизан – Вардар
21:00 Охрид – Целје
22 август
16:30 Партизан – Целје
18:45 Динамо Панчево – Ловќен
21:00 Алкалоид – Олимпијакос
23 август
16:30 Алкалоид – Ловќен
18:45 Охрид – Партизан
21:00 Вардар – Целје
24 август
10:30 меч за седмо место
12:30 меч за петто место
17:45 меч за трето место
20:00 финале