Зоран Петковски презема косовски клуб

Зоран Петковски Зенга, еден од легендарните играчи на Вардар од постарата црвено-црна ера сезонава ќе го има првиот меѓународен тренерски предизвик. 
Петковски е назначен за прв тренер на женската косовска екипа Феризај, екипа што годинава ќе игра на меѓунардона сцена, во ЕХФ Европскиот Куп. Досега, четирипати учествувале во европски куп и никогаш не им пошло од рака да го минат првото коло. Имаа
Годинава, за прв евро-противник го имаат шпанскиот тим Ваљадолид. 

Зоран Петковски по завршувањето на кариерата како играч, се префрли во тренерските води и постојано беше дел од младинските категории во Вардар каде што акумулираше доволно искуство за да почне и самостоен проект и тоа со меѓународна значка. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk