Денеска стартува летниот турнир во Охрид, први на терен Алкалоид и Динамо

Завесата на третото издание на меморијалниот турнир „Крсто Андоновски“ ќе биде крената денеска, а први пред охридската публика ќе се претстават екипите на Алкалоид и Динамо Панчево. 
Осум екипи поделени во две групи ќе се борат во следниве четири дена за престижниот пехар на најдобриот летен турнир во Македонија годинава. 
Алкалоид, Динамо Панчево, Олимпијакос и Ловеќен се во едниот дел, Охрид, Вардар, Целје и Партизан во другиот дел. Ќе вкрстат на последниот ден во мечевите за пласман и финалето на турнирот. 
Денеска на програмата се три натпревари. Први на терен ќе се Алкалоид и Динамо Панчево, потоа Ловќен ќе се сретне со Олимпијакос, а на крајот на денот, домашно дерби во кое Охрид и Вардар ќе ги одмеруваат силите. 
Иако се работи за подготвителен период, сепак очекуваме голема посветеност од екипите, а целиот настан ќе биде убава можност и за охриѓани и за сите ракометни фанови што ќе се затечат покрај езерото да го збогатат својот ден/одмор со интересни ракометни дуели. 

20 август
16:30 Алкалоид – Динамо Панчево
18:45 Ловќен – Олимпијакос
21:00 Охрид – Вардар

21 август
16:30 Динамо Панчево – Олимпијакос
18:45 Партизан – Вардар
21:00 Охрид – Целје

22 август
16:30 Партизан – Целје
18:45 Динамо Панчево – Ловќен
21:00 Алкалоид – Олимпијакос

23 август
16:30 Алкалоид – Ловќен
18:45 Охрид – Партизан
21:00 Вардар – Целје

24 август
10:30 меч за седмо место
12:30 меч за петто место
17:45 меч за трето место
20:00 финале

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk