Топ вести: Дуарте во АЕК, Амброс во Рапид за дебела плата...

Photo: Klaipeda Dragunas

Женскиот романски тим Рапид Букурешт е во преговори со шпанскиот тренер Мартин Амброс за преземање на тренерската позиција за претстојната сезона. Сумата со која романските медиуми шпекулираат е 15.000 евра месечно.

Екипата на Драгунас Клаипеда, противникот на Алкалоид во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп го освои турнирот што се организираше во нивниот град.

Драгунас го совлада Гранитас Каунас (36-29), беше подобра од тимот на АСК/ЛСПА (46-30) и одигра нерешено со првакот на Литванија, Мистра (27-27). Првото место му припадна затоа што имаше подобра гол разлика од тимот на Мистра.

Грчкиот вице-првак АЕК го ангажираше португалскиот ас Жилберто Дуарте. Своевремено најдобриот португалски играч е веќе во залезот на богатата кариера, но во шампионат каков што е грчкиот каде што сѐ се решава на меѓусебните дуели со Олимпијакос, можеби може да направи разлика.

Шпанската ѕвезда со португалско потекло, Александрина Кабрал Барбоса објави крај на репрезентативната кариера. Таа има 38 години и ќе игра само уште една сезона пред да прогласи комплетен крај на кариерата.

Домагој Дувњак ќе заврши со настапите за репрезентацијата на Хрватска по Светското првенство што во јануари ќе се игра и Загреб, Вараждин и Пореч.
Легедарниот хрватски играч има 36 години, игра за Кил веројатно не е далеку датумот и за комплетен крај на кариерата.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk