Утре стартува летниот турнир во Охрид

Утре ќе почне новото, трето издание на турнирот „Крсте Андоновски“ годинава најдобриот летен ракометен турнир во Македонија, а ќе се одржи во Охрид.
Во салата „Билјанини извори“ ќе настапат осум екипи од кои три се македонските претставници ГРК Охрид, Алкалоид и Вардар, а пет екипи се странски.
Екипите се поделени во две групи.
Во едната група се Алкалоид, Динамо Панчево, Ловќен и Олимпијакос, а во другата група ќе играат Охрид, Вардар, Партизан и Целје. На последниот ден, ќе вкрстат во зависност од пласманот (1А-1Б ќе играат во финалето).
Ракометните фанови што ќе бидат во Охрид, ќе можат да ги следат натпреварите за поединечна цена од 50 денари или со блок билет важечки за сите натпревари (вкупно 16 натпревари) кој ќе чини 500 денари.

20 август
16:30 Алкалоид – Динамо Панчево
18:45 Ловќен – Олимпијакос
21:00 Охрид – Вардар

21 август
16:30 Динамо Панчево – Олимпијакос
18:45 Партизан – Вардар
21:00 Охрид – Целје

22 август
16:30 Партизан – Целје
18:45 Динамо Панчево – Ловќен
21:00 Алкалоид – Олимпијакос

23 август
16:30 Алкалоид – Ловќен
18:45 Охрид – Партизан
21:00 Вардар – Целје

24 август
10:30 меч за седмо место
12:30 меч за петто место
17:45 меч за трето место
20:00 финале

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk