Кипријановска ќе игра на олимписка подлога

foto credit: IHF/Kolektiff/Sasa Pahic Szabo

Екипата на Ле Самб Авеноа, клуб во кој своевремено како прв тренер работеше македонскиот тренер Иван Марковски, а сега таму настапува репрезентативката Јована Кипријановска доби убав подарок од градот. Се работи за подлогата од стадионот „Пјер Маруа“ во Лил, на која се играа елиминацските натпревари, заклучно финалниот викенд на ракометниот турнир на Олимписките игри во Париз.

Ле Самб Авеноа годинава ги исполни критериумите и ќе настапува во најсилната француска конкуренција, таму ќе дебитира, а сосема прикладно за настап во професионалната лига ќе биде играњето на олимписката подлога. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk