Колумбиец ќе игра за Целје

foto: rk celje

Колумбискиот пикер Хесус Хуртадо Вергара е нов член на словенечкиот тим Целје Пивоварна Лашко и најверојатно ќе го видиме и деновиве на турнирот што ќе се игра во Охрид, а каде што учествува и екипата на Целје.
Вергара е има 22 години и висок е 204 сантиметри, а минатата сезона ја мина како ракометар на Порто каде беше соиграч на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски. Порто беше неговата прва прекуокеанска станица, претходно играше за колумбискиот Депортиво Буенавентура.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk