Се „гаси“ ракометот во БиХ?

Суспензија на сите репрезентации, службени лица и клубови е реален епилог за ракометот во Босна и Херцеговина откако нивниот ракометен сојуз не успеа да обезбеди сума од 138.812 евра до 15 август. 
Тоа беше крајниот рок за РС на БиХ да се раздолжи со нивниот поранешен селектор Ивица Обрван. 
ЕХФ им се закани со наведените суспензии, но сепак, РС на БиХ не успеа да ја собере потребната сума. Од таму, најавуваат дека побарале продолжување на рокот со гаранција од владата дека до крајот на август ќе се раздолжат, а во меѓувреме да уплатат пари колку што имаат на сметка. 
Но, одговор од ЕХФ сѐ уште нема. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk