Победа над Грција за крај на ЕП!

МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА 26-24 (12-9)
Николовски (10 одб), Трајковски (2 одб), Димовски 11, Ристевски 2, Матески 2, Петрески 1, Насевски 2, Крстевски 2, Лазов 2, Поповски 2, Ѓокески, Славков 1, Гурмешевиќ, Тевдовски, Илиевски, Пецаноски 1

Македонските кадети ѝ се реваншираа на Грција и со победа на мечот за 19 место го завршија својот настап на М18 ЕХФ Еуро. 
Ова беше натпревар на кој поинаку беа распоредени силите во споредба со првата меѓусебна средба, а во редовите на нашиот тим блесна Марко Димовски кој беше стрелец на 11 погодоци. 
Македонија настапи без Дамјан Митев кој последните два меча остана на трибините, не ризикувајќи повеќе со проблематичното колено, откако Македонија веќе го обезбеди опстанокот во најсилната конкуренција на европско ниво.

Македонија го контролираше целиот натпревар денеска, Два до три гола во првиот дел кој заврши 12-9, а потоа на стартот на второто полувреме бевме многу поконкретни и стигнавме до 16-11, потоа водевме и 20-14 и се чинеше дека сѐ е решено. 
Но, не беше, Грција намали на 23-24 а во клучните моменти се истакнаа Петрески, Матески и Крстевски и Македонија имаше сигурна победа во рацете во последниот напад. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk