ИЗРАЕЛ - МАКЕДОНИЈА 32-25 (13-12)
Благодарение на системот на натпреварување кој има(л) за цел да го поттикне развојот на играчи, а во реалноста ја постигнува сосема спротивната цел, единствено последните два дуела на М18 се можност за тренерското дуо Танески – Бочкаровски да им дадат шанса на повеќето ракометари на теренот на М18 ЕХФ Еуро што се одржува во Црна Гора.
Ослободени од товарот што го носеше тимот во битката за опстанок, дуелите со Израел и тој од последното коло се без резултатски притисок., па и во нашиот тим ќе има повеќе минути и за резервистите и за надигрување.
Вечерва нашиот тим одново играше без најдобриот стрелец, Дамјан Митев, а неговото место го доби Христијан Гурмешевиќ во ростерот, а во главната улога на терен во организацијата, а и реалзацијата беше Марин Крстевски, на голот минути доби Трајковски итн.
Израел беше подобриот тим вечерва, а средбата ја доби во последната четвртина, откако до 43 минута се играше израмнето, а резултатот беше 18-19.
Потоа Израелците поведоа со 23-19, за во финишот да искористат и пад на концентрација кај нашите кадети и резултатски уште повеќе да се одлепат.
На последниот меч, а тоа ќе биде средба за 19 место, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Грција, по втор пат за неколку дена на ова ЕП.