foto: SEHA
Поранешниот ракометар од шампионската генерација 2017 на Вардар, шпанскиот ас Хорхе Македа објави дека ја завршува репрезентативната кариера и повеќе нема да настапува за репрезентацијата на Шпанија.
Ваквата одлука, донесена веднаш по настап на Олимписки игри е прилично вообичаена пракса кај повозрасните ракометари, a Македа кој има 36 години и договорен трансфер во полскиот Келце во иднина ќе го гледаме само на клупска сцена.
Илија Побоченко, голман од Казахстан е новото засилување за екипата на Драгунас Клаипеда, противникот на Алкалоид во второто коло од ЕХФ Европскиот Куп. Тој има 25 години и во клубот е замена за украинскиот голман Максим Лобчук.
Дуелите меѓу Алкалоид и Дргунас Клаипеда ќе се играат во третот викенд од октомври, прво во Скопје потоа во Клаипеда.
Кога во октомвриската квалфикациска (ЕП 2026) сесија ќе се сретнат репрезентациите на Македонија и Литванија, голманот на литванскиот тим Лукас Гурскис ќе биде запишан како член на австриската екипа Алпла Хард од Виена со кого денеска потпиша двегодишен договор. И тој нема да биде единствениот Литванец во таа екипа. Еден од нивните најдобри играчи, Каролис Атанвичиус ќе ја почне четвртата сезона како ракометар на Алпла Хард.
Од банкротот на женскиот тим Нант за кој пишувавме, профитираше унгарскиот тим Мосонмаѓавари кому според ранкингот на федерациите му припадна местото на Нант во групната фаза на ЕХФ Европската лига.
Пaралелно, победникот од дуелот меѓу Фредрикстад од Норвешка и Амичитија од Швајцарија, исто така ќе се пласира во групната фаза на ЕХФ Европската лига.
Претстојната сезона ќе биде последната во кариерата на Јованка Радичевиќ, поранешната вардарова ракометарка и во моментов најдобриот стрелец во историјата на женската лига на шампиони со постигнати 1141 голови. За Радичевиќ тоа ќе биде 21 сезона во Лигата на шампионите.
Поврзани вести