Битолчанки форма темпираат во Охрид

ЖРК Пелистер, женскиот претставник на ракометна Битола во македонското првенство одлучи подготовките да ги одработи во Охрид.
Условите покрај езерото се одлични, базата им е во Десарет, салата „Билјанини извори“ на располагање, а паралелно работат и на физичката подготвеност.
ЖРК Пелистер има сосема солидна екипа. Ростерот е освежен, има неколку нови имиња, а битолчанки претстојната сезона во новиот систем на натпреварување, во конкуренција на Куманово, Гевгелија, Овче Поле и Металург Автокоманда ќе се обидат да стигнат до второто место кое носи пласман во Плејоф разигрувањето.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk