Аеродром се екипираше и стартуваше со подготовки

Екипата на РК Аеродром се екипираше, прегрупираше и ги почна подготовките за наредната сезона во која екипата одново ќе се натпреварува во прволигашката конкуренција. 
Со животните лекции научени од суперлигашката сезона, овој клуб продолжува да плива во водите што најдобро ги познава. Тоа е прволигашката сцена во која фокусот ќе биде на работата со млади ракометари, во која хоризонтите се пошироки, а и клубот има далеку помодерен пристап од многу други ривали од прволигашката и суперлигашката сцена во поглед сшпортската филозофија и на логистичката уреденост. Денеска го објавија тимоскиот ростер во кој има 17 ракометари и составот на новата модифицирана нова управа што ги организира сите активности, ќе ја спроведува потпишаната соработка со српските побратими од РК Нови Београд и ќе ја пропширува со други клубови.
Тренинзите ги одработуваат во „Јане Сандански“ во моментов.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk