Милошески се врати во Бутел Скопје

Екипата на Бутел Скопје направи големи играчки промени во пресрет на претстојната сезона и ќе има сосема поинаков лик, се надеваме и поинаква и помодерна игра со новиот тимски ростер во првенството што наближува.

Денеска овој скопски тим го промовираше враќањето на Христијан Милошески, лев бекот со прилепско потекло кој освен во Бутел, настапуваше и за екипите на Прилеп, Вардар Јуниор и Работнички. Последен негов клуб е Голден Арт, клуб за кој низ кулоарите се поставува прашањето дали ќе остане во натпреварувачкиот систем и во претстојната сезона. 
Претходно Бутел Скопје ги освежи своите редови со пивотите Матеј Новаковски и Драган Шољиќ, левите бекови Теодор Тодески и Тодор Узунчев, средниот бек Леонид Киселовски и десните бекови Мартин Петровски и Димитар Узунчев

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk