Поранешниот селектор на Србија, шпанскиот стратег Тони Герона е новиот селектор на Јапонија. Јапонската ракометна федерација денеска ја официјализираше тренерската смена која прв во светски рамки ја објави
ракометниот портал G-SPORT.MK уште пред 20-тина дена.
Тони Герона имаше сосема успешна авантура како прв странски тренер на клупата на машката репрезентација на Србија. Но, кога резултатски се заситија, стигна неизбежната смена и оттогаш тој беше слободен агент кога е во прашање работа со репрезентации.
Во меѓувреме Јапонците остнаа без услугите на Дагур Сигурдсон кој откако обезбеди учество на ОИ со Јапонија, истото го направи и како селектор на Хрватска.
Во Париз, Јапонија привремено беше водена од Антонио Ортега, тренерот на Барса. Покрај добрите партии на неколку натпревари, не им беше наклонета и среќата и без победа го завршија турнирот. Во меѓувреме беше јасно дека Ортег заминува, а новото име на клупата е Тони Герона.