Опстанок или нова драма за кадетите?

Денеска на пладне, македонската М18 репрезентација ќе се сретне со Италија во рамките на третото последно коло од разигрувањето за 17-24 место во групата во која се уште и Украина и Грција.
По победата над Украина 26-21 и поразот од Грција 25-26, македонскиот тим денеска се среќава со Италија која има две победи досега. Италијанците славеа над Украина 32-30 и над Грција 31-30. 
На македонските кадети денеска им е потребна победа најмалку од два гола разлика над Италија за сигурен опстанок во најсилната конкуренција или победа од еден гол разлика, но со повеќе од 31 постигнат гол. 
Сите други резултати не се во прилог на Македонија и би не одвеле во последното сито во кое ќе играат четири репрезентации од кои три (а можеби и сите четири) ќе испаднат во „Б“ Дивизија. 

Натпреварот меѓу Македонија и Италија почнува во 12:00 часот, а ќе можете да го следите на ehftv.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk