Хендави се врати во Египет

Поранешниот голман на битолски Пелистер, египетскиот репрезентативец Карим Хендави одбра да се врати назад во татковината и потпиша за Замалек од Каиро.
Хендави минатата сезона бранеше во екипата на Ал Сафа од Саудиска Арабија, екипа што беше тренирана и водена од македонското дуо Данило Брестовац како прв тренер и Алексо Лембанов како негов асистент. 

По завршувањето на сезоната, назадоволни од тоа како нивните голмани бранат во репрезентацијата, во С. Арабија беше донесена одлука во домашното првенство да нема повеќе странски голмани. 
Така и Карим Хендави остана надвор од играта во клубот со кој имаше и богат договор и уште две неодработени сезони. 
Потоа следеа Олимписките игри, денеска официјално, Карим Хендави беше претствен во екипата на Замалек. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk