Олимписка катастрофа за Магдебург

Photo credit: IHF/Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo

Олимпискиот турнир убав за гледање, има и своја опачина, а тоа е количеството на енергија што го трошат спортистите за кратко време и тоа во период во кој по правило би требало да се на подготовки и да се спремаат за клупските напори. 
Сметката доаѓа последна, а годинава Магдебург е тимот кој келнерот со заврзани очи го фатил на крајот. Магдебург испрати девет играчи на Олимписките игри, здрави се вратија петмина. 
Четворица ракометари на бившиот европски првак се вратија од Париз повредени. Двете крила Тим Хорнке и Даниел Петерсон се повредија и го принудија Магдебург да купува нов играч, а тоа е Исак Персон, Швеѓанец кој дојде од испаднатиот Бергишер. 
Покомплицирано е на бековската линија и пивотменската позиција каде што повредени дојдоа ѕвездите Феликс Клар и Магнус Саугструп и нив ќе им биде потребно време да се рехабилитираат. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk