Банкротираше женскиот Нант

Во професионалните светски ракометни лиги, нема простор за финансиски нефер плеј и доколку клубот не ги исполни условите што се наменети за сите, тогаш е обврзан за пополни формулари за банкрот.
Женскиот клуб Нант е уште еден во низата на француски клубови кои мораа да стават катанец на вратата. 

Нивната агонија траеше од крајот на сезоната, а сега е дефинитивно, Нант Нептунес следната сезона нема да постои. Паралелно со банкротот почна и растурање на екипата. Нант беше екипа во која играа неколку познати имиња, репрезентативки меѓу кои и три шведски интернационалки, две Норвежанки, една Холанѓанка. 
Речиси сите имаат нови средини, а најпознатото име во тимот француската репрезентативка Тамара Хорачек одамна се договори со Kрим Љубљана, Сега најбаран играч стана уште една француска репрезентативка, Лена Гранво за која најзагреан е Мец. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk