Ортега ја напушти Јапонија

foto: FC Barcelona

Шпанскиот тренер Антонио Карлос Ортега од денеска и официјално веќе не е селектор на машката репрезентација на Јапонија. 
Искусниот шпански стратег кој во моментов ја води екипата на Барса, актуелниот европски шампион ја објави својата оставка патем заблагодарувајќи се на Јапонците за убавите моменти минати на теренот во Париз. 

Одлуката е очекувана, Антонио Ортега беше привремено решение откако Дагур Сигурдсон замина од нивната клупа и ја презема Хрватска. 
Името на наследникот наскоро ќе биде објавено, но како што g-sport.mk ексклузивно најави, тоа би требало да биде шпанскиот тренер Тони Герона. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk