-
13.08.2024
-
Вести, Планета ракомет
foto: CSM Bucharest
Пикерот на женската репрезентација на Норвешка и ракометарка на ЧСМ Букурешт, Вилде Ингстад, следните девет месеци ќе ги мине во рехаблитација од повреда.
Ингстад од која се очекуваше многу годинава во Букурешт, се повреди на натпреварот меѓу Норвешка и Германија. Испитувањата покажаа – скинати вкрстени лигаменти, а паузата што ја прелиминарно ја одредија докторите е девет месеци.
Нора Морк, една од најдобрите ракометарки на денешницата објави дека ќе паузира од настапите за норвешката репрезентација.
„Не велам дека го одиграв последниот меч за репрезентацијата, но не велам ниту дека има уште многу првенства пред мене. Пауза е во моментов можеби најдобрата идеја, па потоа ќе видиме“, изјави Морк на прашањето за нејзината иднина.
Најдобриот стрелец во Бундеслигата минатата сезона, Швајцарецот Мануел Зендер влезе во судиски процес со неговиот клуб Ерланген во обидот да го раскине договорот и да си најде друга средина. Двете страни не можеа да се договорат спогодбено, а процесот се оддолжи и може да се случи да трае и до седум месеци. Мануел Зендер за тоа време нема да има право на настап.
Поради правилата за бројот на медали што се доделуваат на екипите на ОИ, без дарогценото одличје на ОИ останаа селекторите на Данска и Германија, Николај Јакобсен и Алфред Гисласон.
На Собранието на ЖРК Будуќност со едногласна одлука на 23-те делегати на клубот, основачките права на клубот се предадени во сопственост на градот Подгорица. Со тоа се исполнети условите за подоцнежните одлуки со кои формално-правно градот ќе управува со најуспешниот спортски колектив во Црна Гора.
Поврзани вести