Шоштариќ: Да го затворат тој што го смислил системов!

Машката кадетска репрезентација на Хрватска на тековното М18 се најде во идентична ситуација како и Македонија пред еден месец на М20 првенството во Словенија. Во Прелиминарниот дел Хрватите имаа две победи и еден минимален пораз и не се пласираа во Топ 8 туку ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.

Ненад Шоштариќ, искусниот стратег е нивни селектор и не штедеше зборови за системот по кој се играат младинските ЕХФ Еуро.

„Тој што го смислил системов по кој се игра најдобро е да го затворат и никогаш веќе да не го видиме во ракометот. Тој систем по кој можеш веќе во првиот натпревар да испаднеш и тоа за само еден гол за мене е безобразен и малоумен, а особено објаснувањето дека не се резултатите, туку развојот на играчи во преден план.
Каков развој на играчи кога си направил систем секој гол да одлучува? Со тоа ги тераш тренерите постојано да играат со најсилната постава и да бркаат резултат. Контрадикција која нема врска со мозокот. Овој систем е непочитување на играчите и на спорот. Елементарен начин да развиваш играчи и да им дадеш и право на грешка. Речиси 50 години сум во ракометот. Покомплициран и понеправеден систем немам видено“, изјави Шоштариќ.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk