Кадетите ја почнуваат битката за опстанок, каде да гледате?

Македонската кадетска репрезентација денеска од 14:30 часот ќе ја почне директната битка за опстанок во најсилната конкуренција на М18 ЕП што се одржува во Црна Гора.
Прв противник на Македонија во новоформираната група што разигрува за пласман од 17-24 место е репрезентацијата на Украина, еден од најслабите тимови на првенството според резултатите од првите три кола. 

Македонија покрај денешниот противник за ривали во оваа фаза, ги има и репрезентациите на Грција и Италија. Првите две места во групата обезбедуваат опстанок, односно истава генерација во 2026 одново ќе игра во насилната конкуренција. 

Натпреварот меѓу Македонија и Украина директно ќе биде пренесуван на платформата на ЕХФ, ehftv.com

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk