Данска со стил до олимписко злато

Photo credit: IHF/Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo

ДАНСКА - ГЕРМАНИЈА  39-26 (21-12)
Гидсел 11, М. Ландин 7 - Кнор 6, Ушчинс 4

Дека Данска игра ракомет што не е од оваа планета констатиравме во повеќе наврати на овие олимписки игри, иако во 1/4 финалето и 1/2 финалето видоа мака, па дури и со ветер во едра од судиите стигнаа без продолженија до финалето.
Во финалето - Германија, екипа стокмена по бундес стандарди со силни играчи и млади сили во вид на Костер, Кнор и Ушчинс. 
Во финалето - Данска одигра со стил. Со Микел Хансен на клупата за да изведува седмерци или да поигра некоја минута кога имаат играч повеќе. Со Ханс Линдберг на клупата во улога на навивач, па дури и главниот дефанзивец и играч за транзиција, Хенрик Мелгард мечот го мина закопчан до гуша во тренерката, оставајќи го Саугструп да ја носи на плеќи одбраната. 
На семафорот - плус десет уште пред 25 минута. 
Германија комплетно разбиена, Данска везеше на терен, а Матијас Гидсел паѓаше на глава и при 13 гола предност. Нема што многу резултатски да се расправа и анализира, конечните 39-26 (21-12) зборуваат најдобро за овој натпревар. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk