-
10.08.2024
-
Вести, Актуелно
Photo credit: IHF/Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo
НОРВЕШКА - ФРАНЦИЈА 29-21 (15-13)
Женската репрезентација на Норвешка по 12 години пауза повторно е на највисокото место на олимпискиот подиум. Денеска во Лил, пред 27.000 гледачи, во финалето на Олимписките игри, Норвешка ја совлада домашната Франција и го презема од нив олимпискиот трон.
Бронзениот медал е за репрезентацијата на Данска која со 25-20 славеше на дуелот со соседите од Шведска.
Финалето беше демонстрација на квалитет и сила на норвешкиот ракомет. Немаше ништо оставено на случајот, одбраната перфектна, нападот - симфонија. Лунде, Рајстад, Братсет, Херем, Морк, Офтедал имаа плус седум на десет минути до крајот. Оваа генерација на Франција, врвот го достигна пред три години во Токио, сега ниту домашниот терен не беше голема помош.
Ова беше последниот меч во кариерата за една од најдобрите ракометарки - Стине Бредал Офтедал најави крај на кариерата. Мошне веројатно во следните денови, недели ќе чуеме дека и други ракометарки завршуваат, ако не со ракомет комплетно тогаш со настапите за репрезентациите.
Олимпискиот круг е затворен, почнува нов циклус, а дел од најдобрите играчи што допрва ќе дојдат имавме можност да ги гледаме во Скопје пред еден и пол месец.
Поврзани вести