Штета, кадетите не успеаја, ќе се борат за опстанок

МАКЕДОНИЈА - ПОЛСКА  26-30 (11-14)

Македонија: Трајковски, Николовски (9 одб), Димовски 2/4, Петрески 1/2, Ѓокески, Ристевски 7/10, Насевски, Лазов 1/2, Славков, Пецаноски, Матескi 2/3, Mitev 12/15, Тевдовски, Илиевски 0/2, Крстевски, Поповски 1/2

Македонските кадети се поразени и на третиот натпревар на М18 ЕХФ Еуро и и завршија на последното место во групата, во конкуренцијата на Франција, Германија и Полска. 
На решавачкиот трет меч, на кој очекувавме победа над Полјаците кои претходно запишаа два големи порази, македонските кадети потфрлија. 
Лошиот почеток, минусот од четири гола (2-6) се провлекуваше низ текот на целиот натпревр. На полувреме бепе 11-14, а во на десетина минути до крајот намаливме на минус два. 
Шансата за пресврт замина неврат во 55 минута по една загубена топка во напад што беше казнета со гол од контра за 26-23, потоа промашен шут што им даде нов напад на противниците и веќе време немаше. 

Полска беше резултатски неоптоварена одигра слбодно и ги освои првите два бода, иако оваа нивна победа е јалова и тие најверојатно ќе бидат заедно со Македонија меѓу екипите што ќе разигруваат за пласман од 17-24 место. 
Светското првенство што во 2025 ќе се игра во Словенија веќе е недостижно за кадетите, а сега останува да се изборат за пласман под 21 место и да опстанат во најсилната дивизија, во спротивно, следната година како јуниори ќе играат во ЕХФ Шампионат. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk