Македонската кадетска репрезентација денеска ќе игра меч за трето место во групата во Прелиминарниот дел на М18 ЕХФ Еуро.
Две цели се пред македонската М18 репрезентација, а првиот чекор кон нивното остварување ќе мораат да го направат денеска на дуелот со репрезентацијата на Полска, закажан за 14:30 часот.
Натпреварот ќе можете да го следите на
ehftv.com
Македонија на ова ЕП игра за опстанок и за пласман на следното Светско првенство што во 2025 ќе се одржи во Словенија. За таа цел, потребен е пласман до, односно заклучно со 14 место.
По двата пораза од фаворитите Франција и Германија, нашиот млад тим денеска ќе мора да ја совлада Полска и да го освои третото место во групата. И за да си обезбеди дополнителна комоција тоа би требало да биде победа од барем седум гола разлика.
Македонија која се наоѓа во групата „Б“, е во трка со третопласираните репрезентации од групите „А“ и „Ц'. Таму, пак, за трето место ќе играат Хрватска и Словенија, односно Чешка и Украина.
Победа од седум гола на Македонија и е потребна за во сучај Хрватска да слави над Словенија, да имаме подобра гол разлика од Словенците.
Чешка во моментов е последната екипа во оваа трка, тие имаат -18 на салдото, но и меч со Украина која досега губеше во просек со 18 гола разлика (Данска и Норвешка) и привилегија да го знаат резултатот од Македонија - Полска пред да истрчаат на терен.
Две од трите третопласирани екипи ќе продолжат во натпреварите за пласман од 9-16 место.