Волф ја однесе Германија во финале!

Photo credit: IHF/Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo

ГЕРМАНИЈА -  ШПАНИЈА 25-24 (12-12)
Волф (22 одб), Ушчинс 6, Гола 4, Кнор 4 - Варгас (10 одб), Фернандез 6, Тарафета 4, Касадо 4

Не им појде од рака на ѕвезди како Гензајмер, Грецки, Пекелер, Винцек...им појде од рака на Ушчинс, Кнор, Хејман и Костер. И тоа од прва. Германија ќе игра за злато на Олимписките игри во Париз, медал веќе имаат во џеб, сега прашњето е дали ќе биде златен или сребрен. 

Германија е првиот финалист на машкиот турнир на Олимписките игри во Париз. Денеска во полуфиналето кое судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Германија минимално ја совлада Шпанија и го продолжи неверојатниот победнички марш во Лил.

Оваа победа и пласманот во финалето, што значи и освоен олимписки медал се потпишани од голманот на германската екипа и новиот чувар на мрежата на Кил - Андреас Волф. 
Овој неверојатен голман имаше 22 одбрани во полуфиналето и речиси целиот натпревар беше со над 50% одбранети удари. Со таков човек на голот, тешко е да се загуби, но Шпанија го оправда својот пласман во полуфиналето со тоа што постојано беше резултатски блиску, а нивната одбрана комплетно го затупе нападот на Германците кои многу често немаа решение. 
Во финишот во неколку наврати Шпанците можеа да направат и пресврт, дури и поведоа за момент во 51 минута, имаа чисти ситуации од кои можеа да погодат и Душебаев и Фернандез... Но, последната препрека, Андреас Волф, беше преголема.
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk