Тројца нови ракометари во Аеродром

Старата приказна продолжува со нови имиња. Во претстојната сезона, РК Аеродром, скопскиот клуб кој е препознатлив ловец на талентирани играчи кои потоа се брусат во екипата, ќе биде подновен со уште тројца нови ракометари. 
За старо-новиот прволигаш потпишаа Димитар Босилковски и поливалентниот бек Виктор Наков, ракометари кои доаѓаат од екипата на Голден Арт, како и десното крило на Бутел Скопје, Огнен Макалоски. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk