Шпанија остана без две репрезентативки

Photo credit: RFEBM

Олимписките игри се круна на кариера на повозрасни играчи кои го чекаат олимпискиот август за да објават новости околу својата кариера, а тоа воглавно е или крај на кариера или крај на настапи за репрезентација. ОИ Париз ќе бидат голема пресвртница во целиот ракомет, а процесот го почнаа и репрезентативки на Шпанија. 

Натурализираниот голман со потекло од Бразил, Дарли де Паула Зогби и десното крило Марта Лопез објавија дека во иднина веќе нема да настапуваат за репрезентацијата на Шпанија. Зогби која настапуваше за Бразил во младинските селекции беше репрезентативка на Шпанија девет години, Лопез цели 16 години играше за „герерас“.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk