ФОТО: Алкалоид на Маврово полни батерии

Алкалоид батериите ги полни на транинг кампот на Маврово каде што екипата во комплетен состав, со исклучок на кадетот Дамјан Митевкој настапува на ЕП, ја одработува најтешката фаза од подготовките. 
Кирил Лазаров, тренерот на тимот е задоволен од односот на играчите и условите што ги нуди планинскиот центар. 

„Маврово ни нуди прекрасни услови за да се спремиме и да бидеме на нивото за она што ни следува. Најважно ни е што тука имаме мир, можеме да работиме и да анализираме, воедно да градиме и добра атмосфера, сите да се дружиме заедно и да изградиме силно заедништво.
Играчите се максимално сконцентрирани и мотивирани, работат дисциплинирано и задоволен сум како течат подготовките. Веќе имаме поставено систем кој го надоградуваме и позитивно гледам и на подготовките и на периодот кој што не очекува.
Веќе одигравме еден пријателски натпревар со кадетската репрезентација на Македонија, бевме нивен спаринг-партнер пред настапот на Европското првенство, ќе имаме уште пет до шест квалитетни пријателски дуели. Нема да биде цел да победуваме по секоја цена, сакам да им дадам шанса на сите играчи, со цел сите играчи да бидат спремни за предизвиците кои ни следат, затоа што сезоната ќе ни биде долга и напорна“, изјави Лазаров. 

Марко Митев имаше одлична сезона зад себе, а во новата се очекува нов чекор напред и како играч на Алкалоид и како репрезентативец на Македонија. 



„Ми недостасуваше одново да бидеме активни со ракометот по паузата. Со новите засилувања оваа сезона очекувам да бидеме на повисоко ниво и да го повториме и надградиме успехот од лани во лигата, Купот на Македонија и во Европа. Годинава ќе бидеме дел и од ЕХФ Купот, влегуваме поискусни заради натпреварите кои ги одигравме лани. Се работи за натпреварување со поинаков систем од Европската лига на ЕХФ и очекуваме да биде доста интересно за нас како млада екипа која сака да напредува од година во година.“, вели Марко Митев. 

Алкалоид првиот меч од подготовителниот период несметајќи го спарингот со кадетите, ќе го одигра на 17 август против Врање. Првиот официјлен меч е н 4/5 септември против Е. Пелистер во Супер Куп, а потоа веќе во првото коло ќе игра против Вардар. 


 

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk