Photo credit: IHF/Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo
Се ближат елиминациите на ракометните турнири на Олимписките игри во Париз, а со тоа и се расчистува сликата околу можните кандидати за подиум и олимписките одличја.
Со секој успех оди и награда, сите преферираат финансиска, но тоа не е случај за многу држави. Што се однесува до ракометот, на подиумот очекуваме да ја видиме Данска кај мажите, иако задутре на препоследната пречка за медал им стои сериозен противник - Шведска.
Во женска конкуренција, настрана Франција, речиси сигурно медал дома ќе однесат норвешките дами, Швеѓанките и Холанѓанките исто така играат одличен турнир.
Норвежанките најверојатно ќе освојат медал, но премија - не им следува. Норвешка и Шведска не даваат премии на спортистите за освоените медали на ОИ.
Данска е единствената од ова скандинавско трио што дава премии, а тие се движат од 7-15.000 евра.
Ако не знаевте: Највисоки парични премии за освоен златен медал на ОИ има Хонг Конг - околу 710.000 евра. Веднаш зад нив е Сингапур со околу 690.000 евра, трет е Тајван со околу 560.000.
Ако не знаевте: Малезија како награда за златен медал доделува луксузен апартман и џип. Како и да е, таа премија засега изгледа како бркањето на морковот врзан на врвот на стап. Досега ниту еден спортист од Малезија не успеал да освои злато, воопшто, не само во Париз.
Трособен стан за златен медал би добил и секој освојувач на злато од Казахстан. Двособен за сребро, еднособен за бронза.
Издвојуваме: Поинтересни премии за освоен медал има во Јужна Кореја, барем за мажите. Покрај парична награда од околу 50.000 евра, Корејците што ќе освојат медал добиваат привилегија што многу, многу малку од нив ја имаат - да не служат војска. (Во Кореја воениот рок е задолжителен и трае 18 месеци).
Во Индонезија, пак, досегашните победници покрај паричните награди добивале и крави, станови и „свој“ излог во ресторани итн.
Веста е делумно преземена од разни извори.
Поврзани вести