Битолчани ја засилија клупата

Актуелниот првак на Македонија, Е. Пелистер се одлучи за ново засилување, а тоа овој пат не е во играчкиот туку во тренерскиот тим. 
Алексо Лембанов, поранешен тренер на Т. Пролет, со последен ангажман како асистент на Данило Брестовац на Блискиот исток, во тимот на Ал Сафа од С. Арабија е приклучен кон тренерскиот тим на зелено-белите.

Алексо Лембанов во Битола ќе биде дел од тимот во кој главниот збор го има Бранко Ангеловски, а тренер на голманите е Ице Соколески. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk