-
04.08.2024
-
Вести, Трансфери
Репрезентацијата на Катар беше десет години немаше потреба да размислува за позицијата селектор затоа што таму го имаше легендарниот шпански тренер Валеро Ривера.
Тој беше креатор на тимот кој на домашен терен стигна до финалето на СП во 2015, но како годините минуваа, а бројот на натурализирани играчи беше ограничен, нивната моќ полека почна да бледи.
Така беше сѐ до неуспехот во квалификациите за ОИ Париз кога дојде и неизбежната разделба со сега веќе 71 годишниот стратег, а на неговото место беше назначен Горан Ѓокиќ.
G-SPORT.MK неофицијално дознава дека Катар ќе има нов селектор, а тоа ќе биде, вардаровата легенда Веселин Вујовиќ.
По третото заминување од Вардар, во 2021, Веселин Вујовиќ работеше како селектор на Иран, потоа во тамошната екипа Сепахан, а последниот ангажман му беше да вади врели компири од жарта во Нашице, каде што ѕвездениот состав на Нексе не можеше да се „состави“ во добар колектив.
Таа мисија беше невозможна и заврши со смена на два тренера и 15-тина играчи.
Новата мисија на Вујо, а за тоа очекуваме официјална потврда наскоро, ќе биде на чело на еден од најатрактивните тимови од Блискиот исток.
Поврзани вести