Е. Пелистер во Турција ќе игра на Фајналфор

„Турнир на пријателство“ се вика Фајналфор турнирот што претставува наследство на меѓународната лига СЕХА и годинава по втор пат ќе се одржи, одново во Турција. 
Четири екипи ќе настапат меѓу 22 и 24 август, меѓу нив е и екипата на Е. Пелистер, македонскиот првак. Другите три учесници се 21. кратниот првак на Русија, Чеховски медведи и белорускиот шампион Мешков Брест. Четвртиот учесник е екипата на АЕК од Атина. 

Претходно ќе играат на струшкиот турнир, потоа одат за Болу, тоа е турскиот град каде што ќе се игра „Турнирот на пријателство“, а оттаму заминуваат за Добој, турнирот со најмногу изданија на Балканот. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk