Олимписка математика, како да се избегнат Данска и Франција

photo credit: IHF/Kolektiff/ Sasa Pahic Szabo

Денеска се игра последното коло од групната фаза на машкиот олимпипски турнир во Париз. По денешните натпревари, ракометарите го напуштаат олимпиското село и се селат во 200 километри оддалечениот Лил и ќе ги сменат местата со кошаркарите.
Таму ќе играат на фудбалски стадион кој собира 24.000 гледачи, ќе бидат сместени во вистински хотели со вистински кревети и клима уреди и ќе имаат многу подобри услови.

Со Јапонија и Аргентина елиминирани, математиките денеска се сведуваат на битката за четвртото место меѓу Франција и Унгарија, односно Хрватска и Шпанија. 

Но, нема да им биде сеедно на екипите од групата „А“. Таму победникот во групата, а за тоа место ќе играат Германија и Словенија ќе налета во елиминациите најверојатно на Франција. 
Последниот тим пак во групата во елиминациите вкрстува со Данска. 


ДЕНЕСКА
Шведска - Јапонија 40-27
Аргентина - Египет
14:00  Германија - Словенија
16:00  Унгарија - Франција (МТВ)
19:00  Данска - Норвешка
21:00  Шпанија - Хрватска (2 пол. МТВ)

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk